ИЗВЕСТУВАЊЕ за изработка на измени и дополнувања на Законот за животната средина

1. Назив на Министерството:

Министерството за животна средина и просторно планирање започна со изработка на измени и дополнувања на Законот за животната средина.

2. Проблем:

Главен проблем при кој се пристапи кон измени и дополнување на Законот за животната средина е непостоење одредби во законот со кој се дефинира, идентификува и управување со контаминирано подрачје на кое што е утврдено загадување на медиумите на животната средина при што сериозноста од можните влијанија на животната средина и здравјето на луѓето е со такво значење што е неопходна ремедијација на истото.

Исто така, врз основа на досегашното спроведување на одредбите од законот со кои се пропишува спроведувањето на стручните испити за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, стратегиска оцена на животната средина и постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење се увиде потребата од допрецизирање на одредбите во законот со кои се уредува ова прашање. Дополнителен проблем е уредување на статусот на експертите за оцена на влијанието на проектот врз животната средина и експертите за стратегиска оцена на животната средина.

Дополнително утврдена е потребата и за допрецизирање и доуредување на делот за надоместоци за животната средина.

  1. Цел: Главна цел која треба да се постигне со Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина е:

- дефинирање, воспоставување на систем за идентификување и управување со контаминираните подрачја заради надминување на негативните влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето;

- подобрување и унапредување на постапката за спроведување на стручните испити за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, стратегиска оцена на животната средина и постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење како и уредување на статусот на експертите за оцена на влијанието на проектот врз животната средина и експертите за стратегиска оцена на животната средина;

- појаснување и допрецизирање на одредбите од Законот за животната средина кои се однесуваат на надоместоците за животната средина.

  1. Временска рамка за изготвување на законот:

-          Септември 2018 година – почеток на подготовката на измените и дополнувањата на законот и подготовка на извештај за проценка на влијанието врз регулативата;

-          Ноември 2018 година – објава на нацрт верзија на текстот на измените на законите и нацрт верзија на извештајот за проценка на влијанието на регулативата на Единствениот Национален електронски регистар на прописи во Република Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање за доставување на коментари и забелешки по истата и спроведување на консултации со засегнати страни;

-          Декември 2018 година – Доставување на текстот на измените и дополнувањата на законот до Владата на Република Македонија.

5. Засегнати страни:

  1. Органи на државна управа :

-          Министерство за економија;

-          Министерство за финансии;

-          Министерство за внатрешни работи;

-          Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;

-          Министерство за здравство;

-          Министерство за информатичко општество и администрација;

-          Заменик претседател на Владата на РМ задолжен за економски прашања;

-          Царинска управа на Република Македонија;

-          Центар за управување со кризи;

-          Дирекција за заштита и спасување;

  1. Единици на локална самоуправа

-          ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа).

  1. Стопански Комори

-          Стопанска Комора на Република Македонија;

-          Сојуз на Стопански комори и

-          Стопанска Комора на Северозападна Македонија.

  1. Здружение на експерти за животна средина – Еко дијалог
  2. Здружение на сервисери за ладење и климатизацијаи
  3. Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на животната средина

6. Начин на вклучување на засегната јавност:

Организирање на посебни состаноци со засегнатите страни и доставување на текстот на законот до засегнатите страни.

  1. Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлог измените на законот и нацрт Извештајот за ПВР:

www.ener.gov.mk

www.moepp.gov.mk

  1. Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите:

infoeko@moepp.gov.mk

  1. Одговорно лице за контакт во министерството:

Билјана Тешева, email: B.Teseva@moepp.gov.mk

Назим Алити, email:N.Aliti@moepp.gov.mk

Весна Петрушевска, email:V.Petrusevska@moepp.gov.mk