Соопштение за јавноста 29.10.2018 год.

Ве информираме дека заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, ќе присуствува на Првата глобална конференција на Светската здравствена организација за аерозагадување и здравје, која ќе се одржи во Женева, Швајцарија, во периодот од 30 октомври до 1 ноември 2018 година.

Конференцијата е организирана во соработка со Програмата на Обединетите Нации за животна средина, Светската метеоролошка организација (WMO), Секретаријатот на Програмата за животната средина на Обединетите Нации (UNFCCC), Коалицијата за клима и чист воздух за редукција на краткотрајните климатски загадувачи (CCAC) и Економската комисија за Европа на Обединетите нации (UNECE).