Соопштение за јавноста 22.08.2018 год.

Почитувани,

Ве информираме дека на 23.08.2018 година (четврток), министерот за животна средина и просторно Садула Дураки и градоначалникот на о. Врапчиште, Исен Шабани,ќе го одбележат отпочнувањето на градежните работи за изградба на канализациона мрежа во с. Добридол, о. Врапчиште.

Министерот Дураки и градоначалникот Шабани ќе остварат средба во 11.00 часот во Домот на културата во с. Неготино.

Потоа, во 11.30 часот тие ќе ја посетат локацијата каде се изведуваат градежните активности за канализационата мрежа, во с. Добридол, о. Врапчиште.

Изјави за медиуми се предвидени во 11:40 часот на локацијата во Добридол.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.