Соопштение за јавноста 13.06.2018 год.

Ве информираме дека на 14 јуни 2018 година (четврток), Министерството за животната средина и просторно планирање ќе биде домаќин на третата официјаната посета од страна на Европската агенција за животна средина – ЕЕА.

Средбата ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје, со почеток во 10:30 часот.

Настанот со поздравни обраќања ќе го отворат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, национално одговорното лице кон ЕЕА Светлана Ѓорѓева, раководотелот за соработка на ЕУ Делегацијата Никола Бертолини и извршниот директор на ЕЕА проф. д-р Ханс Брунинкс.

Посета од страна на извршниот директор, проф. д-р Ханс Брунинкс и делагацијата на високи претставници од ЕЕА е планирана како дел од редовните посети на ЕЕА на 39-те држави членки на ЕИОНЕТ мрежата, во која Република Македонија веќе 20 години членува заедно со државите од Западен Балкан – аспиранти за членство во ЕУ и државите членки на Европската Унија.

Со оваа трета посета од страна на ЕЕА, се нагласува 20-годишната успешна соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање,како и взаемната поддршка кон остварување на највисоките цели од Европската агенда за информирање за состојбата и перспективата на животната средина во Европа.

Изјави за медиумите ќе дадат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и извршниот директор на ЕЕА проф. д-р Ханс Брунинкс и се планирани за 12:15 часот.

Напомена:

Воедно ве известуваме дека Проф. д-р. Ханс Брунинкс нема да одговара на прашања поврзани со евроинтегративните процеси на Република Македонија од причина што ЕЕА не е инволвирана во овие прашања.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.