Соопштение за јавноста 12.06.2018 год.

Ве информираме дека на 13.06.2018 година (среда), министерот за животна средина и просторно Садула Дураки ќе се обрати на официјалното одбележување на почетокот на градежните работи на ИПА 2 проектот “Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадните води во градот Скопје“.

Воведни обраќања ќе имаат и Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската унија и Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Настанот ќе започне во 12:50 на локација бул. АСНОМ бр. 21 (последна 5-ка, нас. Ново Лисиче ограден простор на фирмата БАУЕР).

Инвестицијата е финансирана со средства на Европската Унија во износ од над 9 милиони евра и ко-финансирана од Буџетот на Р. Македонија во висина од 15% и е предуслов за изградба на главната пречистителна станица за отпадни води за градот Скопје.

Изјави за медиуми се предвидени во 13:20 часот.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.