Соопштение за јавноста 18.05.2018 год.

Ве информираме дека министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки на 21.05.2018г. (понеделник) и градоначалниците на 7 општини ќе потпишат договори за доделување на финансиски средства на локалните самоуправи за изработка на техничка документација и изградба на канализациони системи и системи за одведување и пречистување на отпадни води.

Средствата се доделени согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2018 година.

Договорите ќе бидат потпишани со општините Тетово, Липково, Врапчиште, Град Скопје, Шуто Оризаре, Битола  и Берово.

Потпишувањето ќе биде во 13.00 часот, во Салата за состаноци во Министерството за животна средина и просторно планирање (бул. Гоце Делчев бр.8, зграда на МРТВ, 10-ти кат).

Ве покануваме со ваши екипи да присуствувате на настанот.