Соопштение за јавноста 11.05.2018 год.

Ве известуваме дека на 14.05.2018г. (понеделник) заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, ќе има воведно обраќање на церемонијата за отпочнување на грант програмата на Фондот за Природа „Преспа – Охрид“ (PONT) во Република Македонија.

Церемонијата ќе ја отвори извршниот директор на Фондот, Мирјам де Конинг.

Почетокот на настанот е закажан за 11.00 часот, во Хотел Мериот во Скопје (Бал сала 2).

Ве покануваме со ваши екипи да присуствувате на настанот.