ИНФОРМАЦИЈАВРЗ ОСНОВА НА БАРАЊЕ НА ГРАЃАНИ И ЛОКАЛНИ САМОУПРАВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА РУДАРСКИ КОМПЛЕКС КАЗАНДОЛ

- Врз основа на одредбите од чл.95 и чл.96 од Законот за Животна средина,Друштво за експлоатација, преработка и производство САРДИЧ МЦ ДООЕЛувоз-извоз Скопје достави барање за издавање на А-ИЕД за рударскиот комплекс Казандол бр. УП1-11/3-74/2018 од 23.01.2018 год.

-      Согласно чл.97 став 1 од Законот за Животна средина, изготвен е Заклучок за надополнување на барањето за А-ИЕД и даден е рок за одстранување на констатираните недостатоци врз основа на истиот закон.

-      Согласно чл. 99 став 1 од Законот за Животна средина, објавувањето на Барањето за издавање на А-ИЕД за рударскиот комплекс Казандол во дневен печат се врши во рок од седум дена (по комплетирање на барањето).

-      Согасно чл.103 став 1 , засегнатата јавност може да достави свои мислења и ставови по однос на истото во рок од 30 дена, а врз основа на став 4 од истиот член засегнатата јавност има право да побара одржување на јавна расправа по однос на поднесеното Барање за издавање на А-ИЕД за рударскиот комплекс Казандол, а инвеститорот е должен да ја организира во рок од десет дена по истекот на рокот од став 1 од истиот член.

Следствено, може да се заклучи дека сеуште не е направена објава во дневен печат на Барањето за издавање на А-ИЕД за рударскиот комплекс Казандол. Истата ќе се изврши по завршувањето на постапките согласно чл 97 став 1 од Законот за Животна средина.

Според, погоренаведеното Ве информираме дека барањата за организирање на јавна расправа по основ на Барањето за издавање на А-ИЕД за рударскиот комплекс Казандол ќе се организира по завршувањето на сите предходно наведени активности, а согласно Законот за Животна средина.