Известување 26.02.2018 год.

Во тек се измени и дополнувања на правилниците кои произлегуваат од Законот за управување со отпад и тоа:

-          Правилник за изменување и дополнување на правилникот за минималните технички услови за вршење на дејноста складирање, третман и/или преработка на отпад, формата и содржината на образецот на барањето за добивање, промена и обновување на дозвола за преработка, третман и/или за складирање на отпад, како и формата и содржината на образецот на дозволата(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/07) и

-          Правилник за изменување и дополнување на правилникот за минималните технички услови и условите во поглед на заштитата на животната средина кои треба да ги исполнуваат претоварните станици, условите што треба да ги исполнуваат локациите на кои се градат односно се поставуваат претоварните станици, како и роковите за чување на отпадот во претоварната станица според видовите на отпад („Службен весник на Република Македонија“ бр. 197/14).

Сите ваши коментари и забелешки по однос на објавените нацрт правилници може да ги доставите најдоцна до 12 Март 2018 година на следната адреса: email: M.Bajram@moepp.gov.mkили во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање.