Соопштение за јавноста

Почитувани,

Ве информираме дека на 28 и 29 септември 2017 година заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули ќе учествува на Првата Конференција на државите членки на Минамата конвенцијата за жива, која се одржува од 24 до 29 септември во Женева, Швајцарија.

Целта на настанот е да ги обедини лидерите на сите засегнати страни кои ќе ги претстават нивните гледишта за акциите што треба да се преземат во борбата против загадувањето од жива на глобално ниво.