Соопштение за јавноста 11.07.2017 год.

Во вторник на 11.07.2017г., министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, со градоначалникот на о. Куманово и претседател на Североисточниот плански регион Зоран Дамјановски ќе потпишат Меморандум за спроведување на Рамковната Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на Европските заедници за постапките за спроведување на финансиската помош од Унијата за Република Македонија во рамките на спроведувањето на помошта според инструментот за претпристапна помош (ИПА II) со цел да се воспостави формална договорна основа за успешно спроведување на пет проекти планирани во рамките на Повеќегодишната Секторска оперативна програма за животна средина и климатски акции за ИПА II (2014-2020).

Овие проекти ќе опфатат набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад во Северо-источниот регион, затворање на непрописните диви депонии / ѓубришта во Северо-источниот регион и инвестициски проект –изградба на централна депонија за Источниот и Северо-источниот регион.

Потпишувањето ќе биде во 11 часот во Центар за развој на плански и северо- источен регион во Куманово.

Ве покануваме со ваши екипи да присуствувате на настанот.