Соопштение за јавноста 07.07.2017 год.

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, на 10.07.2017г. (понеделник) ќе присуствува на поставувањето на камен темелникот за изградба на пречистителна станица отпадни води за градот Кочани.

На настанот ќе присуствуваат и градоначалникот на о. Кочани, Ратко Димитровски и амбасадорот на Швајцарија во Р. Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада.

Изградбата на пречистителната станица е во рамки на проектот “Пречистување на отпадни води во Кочани”, за кој главните финансиски средства ги обезбеди Секретаријатот за економски прашања на Швајцарија (СЕЦО), во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Општината Кочани и Јавното комунално претпријатие “Водовод”.

Почетокот на настанот е закажан за 12.00 часот, на локацијата каде што ќе се гради пречистителната станица, во близина на с. Мојанци.
Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.