Соопштение 19.06.2017 год.

Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на своите активности за имплементација на член 22-б од Законот за животна средина и член 3 и 4 од Правилникот за начинот за собирање, обновување и рециклирање на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка („Службен Весник на Република Македонија“ број 85/13), а во насока на прифатливо управување со опремата која содржи средства за ладење ги известува компаниите-поседувачи на опрема за ладење која содржи средство за ладење во количина од 3 или повеќе килограми дека обезбедува асистенција во смисла на проверка на исправноста на опремата и превенција на истекувања на средствата за ладење. Заради тоа, сите заинтересирани компании да се обратат до Министерството за животна средина и просторно планирање (Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, зграда на МТВ, Скопје, спрат 12, канцеларија 1207, или на телефон: 02 3251 564, http://www.ozoneunit.mk/helpdesk/open.php ) заради обезбедување на асистенција во гореспоменатата процедура.