Соопштение 21.03.2017 год.

Ве известуваме дека Министерството за животна средина и просторно планирање по повод 22 Март – Светскиот ден на водите ќе организира Конференција на тема „Водата и отпадните води“ која ќе се одржи на 22.03.2017 година (среда), во хотелот Холидеј Ин, во Скопје, со почеток во 10:30 часот.

Воведно обраќање на конференцијата ќе имаат министерот за животна средина и просторно планирање Башким АМЕТИ, раководителот на Оддел за оперативни работи во Делегацијата на Европска Унија Мауро ДИ ВЕРОЛИ и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика на РМ, Димитар Петров.

Главните цели на овој настан се зголемување на свеста за важноста на одржливиот начин на искористување на водата како скапоцен ресурс, намалувањето на употребата и повторната употреба на отпадните води, како и подобрување на животниот циклус на водата за секое живо суштество.

Конференцијата е организирана во рамките на сеопфатна реформа во секторот за вода што ќе се спроведува во следните години во државата.

Агендата на конференцијата предвидува панел дискусија и мотивациски говори “H2O Зошто се грижиме” од страна на Даниел Кајмаковски и Агнеса Чаволи.