OДЛОЖУВАЊЕ на Јавни расправи по Нацрт- Закон за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

Ве информираме дека јавните расправи кои ги закажавме за 13-ти, 14 -ти и 15-ти октомври во Тетово, Гостивар, село Неготино и село Теарце, СЕ ОДЛОЖУВААТ.
Во моментот имаме сериозно зголемување на бројката на заболени, препораки од Владата да не се прави групирања на луѓе во затворени простории, а од друга страна голем број на заинтересирани за присуство на јавните расправи, така што одржување на истите во овие услови е ризично по јавното здравје.
За начините и времето на консултација на јавноста по однос Нацрт-Законот, Министерство за животна средина и просторно планирање благовремено ќе ја извести јавноста.