Mинистерот Нуредини во рамките на владината делегација положи цвеќе на споменикот Илинден во Крушево

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини беше дел од од Владината делегација која предводена од премиерот Зоран Заев, учествуваше на настанот по повод одбележувањето на 2 Август (Илинден) – Ден на Републиката, на Мечкин Камен, во Крушево.

Празникот беше свечано одбележан на повеќе локации во дражавата.

Слоганот под кој се обединети сите чествувања е „Сите сме деца на Илинден“ како концепт кој ги опишува заедничките вредности кои сите ги славиме, празнуваме, кои не обединуваат и поврзуваат.