Остварена средба на министерот Дураки со евроамбасадорот Жбогар

IMG_4983Денеска министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, оствари работна средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

Во текот на средбата министерот Дураки и евроамбасадорот Жбогар разговараа за досегашната добра соработка на Република Македонија и државите од Европската Унија во областа животна средина и изразија подготвеност истата уште повеќе да се интензивира во наредниот период.

Во тој контекст се разговараше и за зголемување на степенот на искористување на ИПА фондовите  кои и стојат на располагање на Република Македонија за подобрување на состојбите сите области на животната средина .IMG_4982