Ќе се ратификува Договорот од Париз

Paris-Agreement_Logo_ENМинистерството за животна средина и просторно планирање информира дека Владата на Република Македонија, на предлог на МЖСПП, на својата седница која се одржа на 25 јули 2017 г., ја усвои Информацијата за ратификација на Договорот од Париз за климатски промени.

Владата на РМ го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да го достави текстот на Договорот до Министерството за надворешни работи за спроведување на постапката за ратификација на Договорот во Собранието на РМ.

Со овој чин, се потврди заложбата за приклучување кон светските напори за борба против климатските промени преку спроведување на активности за намалување на емисиите на стакленичките гасови со цел не надминување на глобалните температури значително под 2о С до крајот на векот и обезбедување пониско јаглероден раст и развој.

Исто така, со идното ратификување на Договорот ќе може да се користи и меѓународна помош за поддршка на адаптацијата на најранливите сектори кон климатските промени (водни ресурси, земјоделие, шуми, биодиверзитет, културно наследство, туризам) итн.

Како додадена вредност е важноста која овој Договор ја има за Европската Унија која е лидер на глобално ниво во борбата против климатските промени, но и како алатка која ќе помогне на државата за одговор на идните обврски кои произлегуваат од Енергеткста заедница во областа клима.