Ќе се гради водоснабдителна мрежа за с. Никиштани во општина Ѓорче Петров

Gjorce3(25.03.2016г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, денеска, потпишаа договор за финансирање на проектот: „Изградба на дистрибутивна примарна и секундарна водоводна мрежа и разделна шахта помеѓу двата резервоара во с. Никиштани – општина Ѓорче Петров“.

Со потпишувањето на овој договор започнува да се решава проблемот со питка вода за населението во единственото село од о. Ѓорче Петров во кое нема изградено водоснабдителна мрежа.

Средствата во висина од 3 милиони денари се обезбедени преку Програмата за инвестиции во животната средина за 2016 година, а останатите средства неопходни за целосна реализација на проектот ќе ги финансира општината.