Јавен повик за прибирање на понуди за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи

Врз основа на член 28, став 3 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/12, 144/14, 33/15, 104/15 и 215/15), член 55 од Законот за водите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13,180/14, 146/15 и 52/16) и Одлуката за започнување на постапка за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи (“Службен весник на Република Македонија” број189/18), Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи, објавува

        ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање на понуди за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи по моделот Проектирање, Изградба, Оперирање и Пренос (DBOT- Design, Build, Operate, Transfer) на сливовите на реките: Вардар,Треска и Црн Дрим.

  1. Концедент е Владата на Република Македонија.
  1. Предмет на концесија е користење на вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи на следните локации:
Р. Бр Водотек или назив на електраната Слив Координати/кота зафат Координати/кота МЗ Средно-год. проток Индикативна инста-лирана моќност
Y X Y X (m³/s) KW
Р. Вратничка МХЕ Орашје 1 Вардар 560 471 0.343 409
7511352 4665100 7512255 4663586
МХЕ Сапунчица Црна река 1470 1272
  1. 382
848
7521020 4535972 7521182 4537686
МХЕ Јабланица1 Црн Дрим 1245 950 0.504 1800
7461580 4575580 7464005 4574425
Р. Елевска МХЕ Елевска Црн Дрим 975 730 0.309 926
7468335 4586256 7466318 4586874
Р. Јеловачка МХЕ Јеловска Вардар 1460 1270 0.2 652
7479934 4629821 7481282 4629910
Р.ЈуручкаМХЕ Јуручка Кадина река 1289 1190 0.930 696
7536030 4625862 7535347 4627111
Р. Кадина Вардар 1400 1190 0.930 984
7533995 4625598 7535321 4627090
МХЕ Дуфска река 2 Вардар 900 750 0.418 828
7483564.3 4622459.6 7485574 4622816
МХЕ Дуфска р.1 Вардар 1229 1006 0.196 524
7480604 4623063 7482734 4622796
МХЕ Баров Дол Дошница 1150 1035 0.114 206
4564067 7600255 7600725 4564768
МХЕ Папрад 1035 950 0.114 148
7600725 4564768 7601106 4565699
МХЕ Боговињска Вардар 1412 1368 1.2 495
7486745 4645170 7487043 4645001
МХЕ Маздрача Вардар 1560 1330 0.649 1980
7480886 4637003 7481904 4636899
Р. Крива река МХЕ Воденица Вардар 467 378 3.08 150
7584217 4660200 7583685 4660693
МХЕ Бачишка ртека 3 Крива река 1320 1239 0.277 387
7487218 4608154 7488341 4607332
МХЕ Рабетинска р. Треска 1000 850 0.056 126
7507305 4603226 7506061 4600211
МХЕ Жировница Жироница 850 747 0,954 995
7466564 4614104 7467039 4613535
МХЕСливничка Сливничка 1155 880 0.111 581
7473634 4579118 7472363 4578669
МХЕ Коча Голема 995 785 0.26 809
7473608 4577372 7472476 4577339
МХЕ Присовјанска Голема 930 730 0.154 580
7474666 4576004 7472928 4576047
МХЕ Голема река 1 Голема 1080 880 0.610 2352
7471837 4580463 7472341 4578695
МХЕ Голема река 2 Голема 875 720 0.859 2484
7472373 4578653 7473003 4575684

 

3. Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни или странски правни или физички лица или конзорциуми коиќе подигнат тендерска документација и ќе ги исполнат условите согласно тендерската документација. Тендерската документација може да се подигне во архивата на Министерството за животна срединa и просторно планирање секој работен ден од 8:00 до 16:00ч.

Во тендерската документација се содржани информации за локациите, хидролошки и топографски податоци, како и услови кои треба да се исполнат од страна на концесионерот.

4. Понудувачите треба да достават докази за својата способност што вклучува:

  • А) За домашни понудувачи: Документ за регистрирана дејност (ДРД образец) издаден од Централен регистар на Република Македонија,

Б) За странски понудувачи, потребно е да се доставидокумент од надлежен орган – потврда дека се наоѓа на официјалниот трговски регистар кој се води од страна на надлежен орган на државата или потврда од надлежен орган за сертификација кој ги исполнува условите пропишани со закон;

  • А) За домашни понудувачи: Извештај за билансот на состојба и податоци од билансот на успех издаден од Централен регистар на Република Македонија за последните три фискални години (2015, 2016 и 2017 година).

Б) за странски понудувачи: ревизорски извештај издаден од ревизорска институција регистрирана за вршење на ревизија за последните три години. Ревизорскиот извештај да содржи податоци за вкупното економско работење на странскиот понудувач за последните три фискални години. Доколку правното лице е регистрирано во период пократок од овој, финансиските извештаи да се достават за периодот од регистрацијата;

  • Вкупниот приход на понудувачите, правни лица, кумулативно во последните три години, не треба да е помал од 500 евра по kW инсталиран капацитет според понудата во пополнетата и уредно потпишана форма според: Error! Reference source not found.; Доколку правното лице е регистрирано во период пократок од три години, потребните документи да се достават за периодот од регистрација заклучно со последната фискална година.(Вкупните приходи за овие понудувачи не треба да е помал од 500 евра по kW инсталиран капацитет во периодот од неговата регистрација, заклучно со последната фискална година, според неговата понуда во пополнетата и уредно потпишана форма според: Error! Reference source not found.)

За физички лица потврда од банка или друга финансиска институција за обезбедени финансиски средства за изведба на проектот во висина од најмалку 1000 евра по kW инсталиран капацитет според неговата понуда во пополнетата и уредно потпишана форма според АНЕКС C: Писмо за понуда.

  • А) За домашни лица: Потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, издадена од Управата за јавни приходи на Република Македонија.
  • Б) За странски лица: Потврда од надлежен орган во државата на потекло за платени даноци и други јавни давачки;
  • А) За домашни лица: Потврда дека над лицето не се води постапка за стечај издадена од Централен регистар на Република Македонија.
  • Б) За странски лица: Документ од надлежен орган во државата на потекло дека над лицето не се води постапка на стечај;
  • А) За домашни лица: Потврда дека над лицето не се води постапка за ликвидација издадена од Централен регистар на Република Македонија. Б) За странски лица: Документ од надлежен орган во државата на потекло дека над лицето не се води постапка за ликвидација;
  • изјава на лицето дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари,
  • документ дека на понудувачотне му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство,
  • документ дека на понудувачотне му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност,
  • потврда дека на лицето не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
  • Потпишана изјава од сите членки на конзорциумот за заеднички настап на тендерот, Во изјавата членовите на конзорциумот треба да определат водечки член и јасно да го назначат, како и да го изразат процентуалното капитално учество на секоја од членките во конзорциумот.

5. Целокупната понуда треба да биде на македонски јазик. Придружната документација кон понудата, која се бара согласно тендерската документација, треба да е во оригинална форма или копија заверена од нотар. Документацијата не треба да е постара од 6 месеци, освен финансиските извештаи.

6. Понудувачите можат да дадат понуди за една, или за повеќе локации за мали хидроелектрични централи, но не повеќе од една понуда за една локација, односно група на локации. Правно лице истовремено може да биде член само на еден конзорциум кој доставува понуда за иста локација/група на локацији. Постапката за доделување на концесија ќе се спроведе за секоја локација одделно. Минималниот потребен број на способни понудувачи кои можат да поднесат понуда по локација е еден.

7. Понудата треба да го содржи следното:

-     писмо за понуда;

-     докази наведени во т.4.2 од овој оглас,

-     приказ на решението на објектите на топографски и геодетски подлоги,

-     податоци за карактеристичните протеци (минимални, средни месечни протеци), за профилот на зафаќање на водата за период од најмалку десет години,

-     количеството на вода што се планира да се зафаќа и начинот на зафаќање,

-     начинот на испуштање на водите,

-     основни карактеристики на објектот со кој се врши дејноста, и

-     потпишана изјава од членките на конзорциумот за заеднички настап во оваа постапка за доделување на концесија за вода во која јасно ќе биде назначен водечкиот член и процентуално капитално учество на секоја од членките во конзорциумот.

-     Гаранција за учество во постапката

  1. Лицето кое ќе ја подигне тендерската документација мора да достави овластување од фирмата за која подига документација и во овластувањето да бидат наведени сите потребни податоци за контакт (адреса, телефон, факс и е-маил на фирмата или на лицето овластено од фирмата за контакт).

За подигање на Тендерска документација, заинтересираниот понудувач е должен да уплати неповратни средства во висина од 100 евра во денарска противредност според средниот курс на НБРМ на денот на уплатата. Уплатата треба да се изврши во корист на Министерство за животна средина и просторно планирање,

со назнака: за подигање на тендерска документација за доделување на концесија за вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи

 

За домашни компании:

Трезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 121011520278710

Приходна шифра и програма: 725939-40

Депонент: Народна банка на Република Македонија

Даночен број: 4030998358508

За странските компании:

Ministry of Environment and Physical Planning

Plostad Presveta Bogorodica No.3

National Bank of the Republic of Macedonia

SWIFT BIC: NBRM MK 2X

IBAN: MK07 1007 0100 0017 436

9. При изборот на економски најповолната понуда ќе бидат разгледувани само понудите кои ја содржат комплетната документација согласно Инструкциите за понудувачите кои се составен дел од тендерската документација.

 

  1. Критериумот за избор на економски најповолна понуда ќе биде пресметан согласно формулата:

 

C = 12500 x Pi + U (со букви: C е еднакво на дванаесет илјади и петстотини помножено со Pi плус U)

Каде:

C -Критериум за рангирање

Pi -Минимум инсталирана моќност на хидроелектраната во kW која треба да биде инсталирана според понудата на понудувачот и која е наведена воизјавата на понудувачот

-     Доколку станува збор за група на локации Pi ќе биде збир на инсталираните моќностите од сите локации во групата

U –Понуден додаток кон минималниот еднократен надомест во Македонски денари

11. Ќе се разгледуваат само понудите доставени во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање на Плоштад Пресвета БогородицаБр. 3, втори кат, најдоцна до 20.02.2019 до 10:00 часот по централно европско време.

12. Понудите се доставуваат во еден оригинален примерок. Дополнително, Понудата за локација да се достави и во пренослив електронски уред.

13. Јавното отворање на понудите ќе биде на 20.02.2019 година во 11 часот. Јавното отворање ќе се изврши со читање на Коверт 1, Задолжителна документација и доколку задолжителната документација е комплетна ќе се чита и Коверт 2, Понуда за локација, односно Писмото за понуда. За јавното отворање Комисијата составува записник.

14. Концесијата за користење на вода ќе се даде за период од 23 години согласно Законот за води и Законот за концесии и јавно приватно партнерство. Обврските на концесионерот по потпишување на Договорот за концесија се следните:

-     Изготвување на проектна документација за хидроелектричната централа за која се дава Понудата,

-     Обезбедување на сите дозволи и исполнување на условите дефинирани во соодветните дозволи согласно законската регулатива во Република Македонија;

-     Изградба на објектите согласно проектната документација;

-     Обезбедување на неопходните дозволи за работа на хидроелектричната централа, согласно законската регулатива во Република Македонија;

-     Управување и одржување на сите објекти во состав на централата.

15. За сите прашања поврзани со овој Јавен оглас заинтересираните инвеститори можат да се обратат кај овластеното лице за контакт:

Касам Зекири, e.mail. kasamzeqiri@gmail.com, k.zekiri@moepp.gov.mk

Тел: 076298210

За подетални информации во врска со локациите за изградба на малите хидроелектрични централи посететеја страницата:www.moepp.gov.mk.

15. Правна заштита

Секој понудувач има право на жалба во рок од 8 дена од денот на прием на одлуката за избор на најповолна понуда, односно во рок од 15 дена од денот на достава на одлуката за поништување на постапката. Жалбата се вложува до Државната комисија за жалби по јавни набавки со седиште на Бул. „Илинден“ Бр.63.а, Скопје која решава по жалбата согласно одредбите од Законот за јавните набавки.

 

Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија
Претседател на Комисијата
Неби Реџепи, ср