Форум за енергетика на Југоисточна Европа, Солун, Грција

Forum_1(6.09.2019г.) Енергетскиот форум на Југоисточна Европа ги собра клучните креатори на политики, регулатори, врвни актери на пазарот, финансиери, академици и експерти со цел да ги презентираат и дискутираат современите теми од областа на енергетиката во поширокиот регион.

За време на Конференцијата, беше презентирано како земјите од регионот можат најдобро да ги искористат своите географски позиции, као и достапните енергетски ресурси за да обезбедат посигурно, самостојно и еколошки одржливо снабдување со енергија, што всушност е клучно за економскиот и социјалниот развој во Југоисточна Европа.

“Енергијата и климатските промени бараат еколошки иновативен пристапи и технологии. Еко-иновациите ќе станат клучни за понатамошниот економски раст, како и за конкурентноста и вработувањето. Предуслов за создавање на новиработни места, економски раст и благосостојба на населението во Европа, преставуваат ефикасните иновации во животната средина кои бараат високи стандарди за заштита на животната средина, во комбинација со широк спектар на други економски инструменти, како намалување на данокот на додадена вредност за енергетско-ефикасни добра и услуги, зелени јавни набавки и сл. “, истакна министерот Нуредини за време на дискусијата.