Управување со отпад и дигитализација на министерството главни теми на разговор меѓу министерот Нуредини и шведската амбасадорка Бенгтсон

Sredba_Nuredini_Svedski_Ambasador_1(04.12..2019г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес се сретна со амбасадорката на Кралство Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон.  На средбата се разговараше на повеќе теми. Министерот Нуредини се заблагодари за досегашната добра соработка, ги презентираше приоритетите на Министерството за животна средина и просторно планирање и истакна дека шведското искуство би ни било  од особена корист при реализирање на приоритетите на државата во животната средина.

Меѓу другото се зборуваше и за подготовка на повеќегодишната стратегија за животна средина и клима за која амсадорката Бенгтсон изрази спремност за поддршка. Исто така, амбасадорката изрази подготвеност да се поддржи спроведување на  кампањи за подигање на јавна свест.

Во разговорите посебен акцент беше ставен на воспоставувањето на интергираниот регионален систем за управување со отпад, стандардни депонии,  потоа на процесот на декарбонизација, како и дигитализација на административното управување во Министерство.