Темелковски на состанок на членките на Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка

Na mestoНа Заедничкиот состанок на членките на Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка и Виенската конвенција за заштита на озонската обвивка, кој од 17 до 21 ноември година се одржува во Париз, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски учествуваше во сегментот за високи претставници на земјите-членки на Монтреалскиот протокол. Во таа прилика тој зборуваше за остварувањата и резултатите постигнати на ова поле, истакнувајќи дека Република Македонија, која речиси 17 години ги следи чекорите истрасирани од меѓународната заедница за спроведување на одредбите на Монтреалскиот протокол, може со гордост да се пофали дека преку имплементација на конкретни инвестициски проекти е овозможена елиминација на над 99% од потрошувачката на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка во државата.

Во своето обраќање, заменик министерот Темелковски ја истакна улогата и значењето на Канцеларијата за озон преку која всушност и се реализираа сите активности во областа.

- Изработен е План за управување со HCFC супстанциите Документот содржи целосно јасни и добро идентификувани насоки за акција на земјата за елиминација на HCFC. Еден од првите чекори за реализација на Планот беше надградбата на националното законодавство за управување со супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, со донесување на четири уредби за нивна елиминација. Покрај тоа, Канцеларијата за озон презеде чекори за запознавање на сите релевантни заинтересирани субјекти со темите што се опфатени во Планот. Беа организирани серија работилници за да се подигне свеста на засегнатите субјекти за новодонесените одредби и нивно стимулирање да преземат активна улога во остварувањето на целите на Планот за управување со HCFC – истакна заменик министерот за животна средина Стево Темелковски, нагласувајќи дека Канцеларијата за озон во моментот работи на замена на постојната опрема што содржи HCFC, што ќе придонесе за нивна целосна елиминација.

Заокружувајќи го прегледот на активностите, Темелковски се заблагодари на Мултилатералниот фонд за обезбедената финансиска поддршка со која се овозможи исполнување на обврските на земјата од Монтреалскиот протокол, како и на заложбите на UNIDO во улога на имплементациона агенција, која и помага на нашата држава во реализацијата на проектни активности во сите гранки коишто трошат супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка во Македонија.