Средба на министерот Нуредини со председателката на ССКМ Арсовска

Sredba_Nuredini_SSKM_ArsovskaРазвивање и продлабочување на соработката на Министерството за животна средина и просторно планирање со деловната заедница и воспоставување на рамка за соработка каде, покрај остварување на економскиот развој приоритет ќе биде заштитата на животната средина и почитување на обврските на крајот на процесот истата да се остави во првобитна состојба, беше тема на  која на денешената средба разговараа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Даниела Арсовска.

Акцентирајќи ја моменталната состојба со загадувањето на животната средина, пред сé на воздухот, во разговорот беше нагласена потребата од концентрирани и заеднички активности во справување со овој комплексен проблем. Претседателката на ССКМ Арсовска ја претстави работата на асоцијацијата на бизнис заедницата која според нејзе ги промовира и застапува бизнис интересите на илјадници компании членови и ги поврзува со над 1000 национални, регионални и интернационални институции и организации, нагласувајќи ја соработката со Меѓународната стопанска комора (Internationa Chamber of Commerce).

Договорено е да се воспостави рамка за соработка  на бизнис секторот, јавниот сектор и граѓанскиот сектор која ќе овозможи подигање на колективната и поединечната свест за уделот во загадувањето на животната средина и ќе мотивира и развива посериозен пристап кон остварување на обврските за заштитата на животната средина во деловната заедница.