Средба на министерот Изаири со американскиот амбасадор Бејли

(13.03.2015 год.) Денес, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, оствари работна средба со новиот амбасадор на САД во Р.Македонија, Н.Е. Џес Л. Бејли.

DSC_0032  DSC_0036
Посакувајќи му успех и резултати на американскиот амбасадор, министерот Изаири ја истакна досегашната успешна соработка помеѓу двете држави во областа на заштита на животната средина.

DSC_0038 DSC_0040
На состанокот се разговараше за состојбите во животната средина и се разгледаа можностите за продлабочување на соработката особено во областа на заштита на амбиенталниот воздух, и во областите на управувањето со водите и заштита на природата.