Средба на министерот Изаири со амбасадорот на Холандија во Македонија

1Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, во просториите на Министерството, оствари работна средба со холандскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Питер Верхеен.

На состанокот се разговараше за состојбите во заштитата на животната средина, а беа разгледани и можностите за унапредување на соработката и размена на искуства, како и координирање на заедничките активности меѓу двете држави во областа животна средина.