Средба на министерот Изаири со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија д-р. Christine D. Althauser

DSC_1014Денес, Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, во просторите на Министерството оствари работна средба со амбасадрката на Сојузна Република Германија во Македонија д-р Christine D. Althauser.

На средбата се разговараше за состојбата во заштитата на животната средина, инфраструктурата и се разгледуваа можностите за продлабочување на соработката која што Сојузна Република Германија неколку години и ја нуди на нашата земја, а се остварува преку заеднички проекти кои досега се реализирани од страна на GTZ и KfW.

Посебен интерес се изрази за развојот на регионалната соработка во областите вода, воздух и отпад.

Исто така, се разгледа идејата за ипраќање на тим на експерти за да ја следат состојбата на заштитата на животната средина во нашата земја, како и за започнување на одредени студии во врска со депонирање на комуналниот отпад, опасниот отпад, како и старите масла.

Не се исклучува и можноста за започнување на билатерална соработка помеќу двете министерства на двете земји.