Средба на министерот Изаири со албанскиот амбасадор Фатос Река

(26.08.2015) Денеска министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири оствари работна средба со амбасадорот на Албанија во Македонија Фатос Река. На средбата се разговараше за развојот и продлабочувањето на соработката меѓу двете држави во областа на заштита на животната средина, а особено во заштита на водите.