Средба на министерот Дураки со амбасадорот на Германија во Македонија

2Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија во Р. Македонија, Н.Е. Томас Герберих.

На состанокот, министерот Дураки и германскиот амбасадор Герберих ги разгледаа можностите за продлабочување на соработката меѓу двете држави во областа заштита на животната средина и природата, изразувајќи задоволство од досегашната заедничка реализација на повеќе проекти.

Соговорниците дискутираа за тековните активности за реализацијата на проектите во делот на води, искажувајќи подготвеност да развијат плодна соработка околу актуелната проблематика на квалитетот на воздухот и климатските промени.