Среба со претседателот на Националниот совет на Австрија

Среба со претседателот на Националниот совет на АвстријаМинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на покана на претседателот на Собранието Талат Џафери се приклучи на работниот ручек организиран во чест на Волфганг Соботка претседател на Националниот совет на Австрија и делегацијата која што денеска е во официјална посета на Република Северна Македонија. Во таа прилика, во неформални разговори се разменија корисни информации за тековните активности, како и за можностите за унапредување на соработката со Австрија во заштитата  на животната средина и економијата.