Соопштение за прекинување и за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри за 22 јануари

(22.01.2019) Ве информираме дека согласно податоците од ДАМСКВ на ден 21.01.2019, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 μg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје на мерните места Центар, Карпош и Ректорат, Минладиновци, Битола на мерните места Битола 1 и Битола 2, Гостивар и Тетово.

Исто така, Ве информираме дека прагот за алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 μg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, е надминат на мерното место Струмица.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Ден Струмица
20.01.2019 376. 21
21.01.2019 199. 40

*концентрациите се изразени во μg/m3

За градот Струмица остануваат на сила препораките и мерките согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија.