Се чисти и уредува Кањонот Матка

13708336_1018222281597088_1918409991043447088_o(16.07.2016) Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, денеска, гопосети локалитетот Кањон Матка, каде што на негова иницијатива се спроведува акција за чистење и уредување на просторот. Покрај собирање на  неправилно одложениот отпад и обезбедување на дополнителни канти за отпадоци, акцијата има за цел и подигање на јавната свест и развивање на добри навики кај посетителите за постапување со комуналниот отпад. Ова треба да допринесе за почиста и зачувана животна средина во овој преубав локалитет кој воедно е и споменик на природата.

Во акцијата се вклучија јавните комунални претпријатија од Град Скопје и од општина Сарај, претставници од АРМ, како и волонтери од општината и околните населени места. Отпадоци се собираа на и околу кајакарската патека покрај реката Треска, до браната на кањон Матка, а во тој потег се поставени шест нови клупи и 20 канти за отпад обезбедени од колетивниот постапувач со отпад „Пакомак“.