Се продлабочува соработката со Светскатa Банка во областа на енергетската ефикасност

Nuredini_Svetska_Banka(09.10.2019 г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и заменик министерот Јани Макрадули се сретнаа со делегацијата на Светска банка, предводена од директорот на Светска банка за Северна Македонија Марко Мантованели.

На состанокот, беше дискутирано за клучните аспекти од новиот проект на Светска Банка “Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор”(PSEEP), кој има за цел да ја поддржи Република Северна Македонија во инвестирањето во енергетски ефикасни јавни објекти.

Фокусот на разговорот беше ставен на финализација на клучните проектни документи, усогласување на временската рамка за востановување на Фонд за енергетска ефикасност, потоа вклучување на финансии за оваа цел и од ИПА фондовите како и за следните проектни чекори за целосна операционализација на договореното.

Заеднички беше костататирано дека со целосна и навремена имплементација на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, во голема мерка ќе и се помогне на државата во забрзување на воведувањето на принципите на енергетска ефикасност во сите јавни објекти во РСМ.

Инвестирањето преку овој проект ќе придонесе за помалку емисии и почист воздух, ќе овозможи намалување на загадувањето на воздухот како еден од најаларманите еколошки проблеми во државата,ќе ги намали ризиците кон животната средина, ќе овозможи намалување како на емисиите на стакленички гасови, така и на негативните ефекти од климатските промени и во значителна мерка ќе ја намали потрошувачката и трошоците за енергија во јавните објекти во нашата држава.