Се поправа мерниот инструмент за ПМ 10 честички во мобилната мерна станица во Ѓорче Петров

Информација за мерна станица Ѓорче ПетровМинистерството за животна средина и просторно планирање информира дека мобилната мерна станица поставена во општина Ѓорче Петров е во функција, односно се мерат загадувачките супстанци SO2, NO-NOx-NO2, CO и О3. Единствено, поради технички проблем, на 23.12.2019 година е исклучен инструментот за симултано мерење на РМ10 и РМ2.5 и од тогаш не е во функција.

Моментално, во тек е процедура за објавување на тендер за набавка на резервни делови, меѓу кои и неопходниот дел за посочениот инструмент. Со набавка на резервните делови, инструментот ќе се сервисира и калибрира, а потоа ќе биде вклучен во системот, а податоците од мерењата од овој инструмент ќе бидат јавно достапни на веб страницата за квалитет на воздухот http://air.moepp.gov.mk .