Се подготвува закон и стратегија за климатска акција / Трет состанок на управувачкиот комитет

Се подготвува закон и стратегија за климатска акција Трет состанок на управувачкиот комитетУправувачкиот комитет на ИПА Проектот „Подготовка на долгорочна стратегија и закон за климатска акција“ одржа трет состанок, на кој беа презентирани реализираните активности и изготвените извештаи во досегашната фаза на спроведување на проектот. На состанокот се дискутираше за подготвената структура на нацрт законот за климатска акција, за концептот и содржината на долгорочната стратегија за климатска акција, како и натамошните чекори и рокови за реализација на планираните активности.

На состанокот учествуваше и министерот Нуредини, кој ја истакна заложбата на Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на РСМ за третирање на прашањето на климатските промени и потребата од подготовка и донесување на функционален и применлив закон за климатска акција.

Подетални информации може да најдете на: https://climateaction-ipaproject.mk/