Се интензивира соработката со ЕУ во реализација на ИПА програмата во животната средина

duraki_zbogar1(09.07.2018) Mинистерот за животна средина Садула Дуракиденеска, oствари работна средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогари раководителот за соработка во ЕУ Делегацијата Никола Бартолини. На средбата се разговараше за унапредување на соработката што Министерството за животна средина и просторно планирање  ја има со Делегацијата на Европската Унија во областа животна средина.  Се зборуваше за реализацијата на проектите од ИПА1, за успешните приказни, но и за слабостите и можностите за надминување на истите.

Посебен акцент беше ставен на реализацијата на претстоечките проекти од ИПА 2 при што потпирајќи се на искуството од досегашната соработка беа разгледани можностите за забрзување на темпото и успешноста на реализација на истите.

Од двете страни беше искажана подготвеност за интензивирање на соработката во постигнување на заедничките цели.