Се зајакнуваат домашните капацитети за одржливо управување со контаминирани локации

Pops1(02.07.2018) Дваесет и пет претставника на стручната јавност од денеска па до петок ја следат пет дневната обука за одржливо управување со контаминирани локации. Обуката е организирана во рамките на проектот: „Отстранување на техничките и економски бариери за иницирање на активности за расчистување на локациите во „ОХИС“ АД Скопје, контаминирани со алфа-HCH, бета-HCH и линдан“.

Обуката се одвива во хотел Порта и во кругот на фабриката ОХИС бидејќи се состои од теоретски дел и практичен дел на терен каде ќе се демонстрираат сите фази во управувањето со контаминирани локации, почнувајќи од идентификација, прелиминарна оцена на локацијата, детална оцена на контаминираната локација со теренско истражување, евалуација на добиени податоци, концептуален дизајн на локацијата и проценка на ризикот.

Предавањата и практичната настава ја изведува специјализирана консултантска куќа ТАУВ Гроуп од Холандија, во соработка со Канцеларијата за ПОПс при Министерството за животна средина и просторно планирање.

За потребите на оваа обука и за самиот проект подготвени се 3 прирачника за управување со контаминирани локации: Упатство за одржливо управување на контаминирани локации во Република Македонија, Ремедијација на контаминирана локација и Стандардни оперативни процедури.

Uptstvo1_Pops Uptstvo2_PopsUptstvo3_Pops