Светска Банка подготвува нов круг на 4 годишна партнерска помош за Македонија

duraki_svetskabanka2(06.07.2018) Mинистерот за животна средина Садула Дураки оствари работна средба со Марко Мантованели, директор на Светска Банка за Македонија и Косово и Беким Имери, висок специјалист за социјален развој.

На средбата се разговарaше за статусот на тековните заеднички активности кои се интензивираа во изминатиов период, но и за активностите кои следуваа. Имено, Светска Банка подготвува нов круг на партнерска помош за Република Македонија за следните 4 години, при што, како една од приоритетните области, детектирана е одржливата животна средина и климатските промени.

Посебен фокус во областа е ставен на предизвиците од загадувањето на воздухот земајќи го предвид растечкиот интерес за справување со проблемот не само на национално, туку и на регионално ниво, но и на водите и цврстиот отпад.

На повидок се и резултати од интензивираната соработка. Имено изработката на Студијата за управување со квалитет на воздухот на регионално ниво на Западен Балкан, во која се опфатени покрај Македонија, Косово и Босна и Херцеговина е во финална фаза.

Студијата вклучува преглед на прашања за загадувањето на воздухот и институционална рамка, анализа на економските трошоци поврзани со загадувањето на воздухот, прелиминарна студија за изворите на загадување и прелиминарни препораки за креирање на политики.