Разменети искуства и насоки за најдобри практики за управување со илегалната сеча и трговија со дрво во државите од Западен Балкан

Регионалната работилница TAIEXРегионална работилница TAIEX за размена на информации и најдобри практики за управување со илегалната сеча и трговија со дрво, денес и утре се одржува во Скопје, во рамки на проектот “Програма за партнерство на животната средина на ЕУ за пристапување (EPPA) во Западен Балкан и Турција”.

На работилницата присуствуваа авторитети во областа од земјите членки на ЕУ во Регионот како и од државите во Западен Балкан и Турција, со цел размена на  искуства, совети и насоки за процесот на усогласување со регулативата за дрво на ЕУ, спроведување на законот за шуми, како и управување и регулирање на трговијата во Западен Балкан. Исти така присутни беа и претставници на национални државни институции (министерства, локални самоуправи, јавни установи и претпријатија) како и претставници на меѓународни организации од областа на животната средина и природата и здруженија на граѓани.

Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, обраќање на темата имаше заменик министерот Јани Макрадули во кое се осврна пред се на причините за илегална сеча во државата и ефектите предизвикани од неа, со посебен акцент на решенијата за нејзино спречување.

„Кога зборуваме за причините, ги набројуваме економската сиромаштија во руралните области, поефтината цена на сивиот пазар, илегалната продажба на трупци, дрва и мебел и слабостите во управувањето со шумите. А кога зборуваме за ефектите, зборуваме за нискиот животен стандард за околната популација, глобалното затоплување и климатските промени, нарушувањето на бидоверзитетот и економските загуби“ рече Макрадули.

При тоа заменик министерот Макрадули нагласи дека решенијата за спречување на илегалната сеча ги гледа пред се во зголемената инспекција и број на инспектори, построга регулација и поддршка од страна на волонтери и вклучување на невладини организации во мониторирањето на процесот.

Според него, во перспектива особено е важно, масовното трансформирање на начинот на затоплување во објекти кои кортистат дрва како извор за затоплување. На тој начин ќе се постигне не само заштита на природата и биодиверзитетот и намалување на загадувањето од горењето на дрвната маса, тукуи ќе се подобри квцалитетот на живот за сите граѓани и одржливиот развој на државата.

Обраќања имаа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ Трајан Димковски, претставникот на Делегација на ЕУ во Скопје, Константинос  Супилас и тим лидерот на ЕППА проект Михаил Димовски.