Работилница на тема “Изготвување на план за квалитет на воздух”

На иницијатива на Интер-ресорската работна група и Градот Скопје, денес, заедно со претставници на општините во Република Македонија, во кои има поставено мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот, се одржа работилница на тема “Изготвување на план за квалитет на воздух” на која беше презентирана потребата од изготвување на плански документи за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух.