Пуштена во употреба пречистителна станица во Гевгелија

1Денес и официјално беше пуштена во употреба новата пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија.

Денес и Гевгелија се приклучува на градовите каде со отварањето на пречистителната станица заживуваат европските стaндарди во областа на прочистување и третман на отпадните урбани води – истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во своето обрќање нагласувајќи дека патот кон ЕУ е токму тоа, задоволување на строги европски стандарди кои за цел имаат подигнување на квалитетот на животот на граѓаните. Пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија е со капацитет на третман на отпадните води од 30.000 еквивалент жители.

2Изградбата на на оваа пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија е трилатерален проект финансиски подржан од Владата на Швајцарската конфедерација, претставувана преку SECO, Владата на Република Грција, претставувана од страна на Министерството за надворешни работи и Владата на Република Македонија, корисник на проектот, претставувана од Министерството за животна средина и просторно планирање.

6Самиот проект се реализираше во три фази: Проектирање и изградба на ПСОВ за непречен и успешен третман на отпадните води согласно европските и национални стандарди, Изградба на линија за мил, административна зграда и останатите градежни работи на локацијата и Изградба на колектор во должина од 400м до разделна шахта и поврзување на регионалниот водовод како и изградба на пристапен пат и мост до градилиштето систем за заштита од поплави.

На настанот присутвуваа и зборуваа премиерот на Република Македонија Зоран Заев, амбасадорите на Швајцарија и на Грција, Н.Е. Сибил Сутера Техада и Н.Е. Димитрис Јанакакис, градоначалникот на Гевгелија, Сашко Поцков и други видни гости.