Промовирани монтираните водомери за четири населени места во Oпштина Боговиње: Камењане, Долно Палчиште, Калник и Синичане

minister_1(16.09.2016г.) Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, денеска, се обрати на промоцијата на пилот проектот “Набавка и монтирање на мерни инструменти – водомери за четири населени места во Oпштина Боговиње: Камењане, Долно Палчиште, Калник и Синичане”, во чии рамки ќе бидат монтирани 2.800 водомери со кои ќе се обезбеди рационално и одржливо користење на водата за пиење во општината.

- Со оваа мерка очекуваме да се реши долгогодишниот проблем со недостиг на чиста вода за пиење со која се соочуваат жителите на оваа општина, како директна последица на климатските промени. Со користење на мерните инструменти ќе се обезбеди одржливо управување со водните ресурси, како еден од најранливите сектори на климатските промени, ќе се зголеми ефикасноста на системот за водоснабдување во заедницата, а истовремено ќе се зголеми и свеста кај локалното население за важноста на рационалното користење на водните ресурси за полесно прилагодување кон климатските промени – истакна по тој повод министерот Амети.

Понатаму, тој потенцираше и дека во рамки на проектот во општина Боговиње е реализирана и мерка за справување со ризиците и штетите од можните идни излевања на водите од речните корита во Пирок, Камењане, Палчиште, Ново Село и Боговиње, а самиот процес резултира со развој на долгорочна стратегија за климатски промени на општината.

Монтирањето на мерните инструментисе реализираше како дел од проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, кој е спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.

На промоцијата, свои обраќања имаа и амбасадорот на САД, Н.Е. Џес Бејли и градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи.