Продолжува потпишувањето договори за реализација на Програмата за инвестирање во животната средина за 2015 година

DSC_0304(19.05.2015г.) Денес, уште четири општини, потпишаа договори со министерот Нурхан Изаири за заштита и подобрување на квалитетот на водите согласно Програмата за инвестирање во животната средина и Конкурсот за распределба на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа животна средина за 2015 година.

Со градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески потпишан е договор за проектот „ Делница за водовод од населено место Галичани до населено место Кадина“, со градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов потпишан е договорот за „Реконструкција на девет препумпни станици за одведување на отпадните води во пречистителна станица“, а со градоначалникот на општина Сарај, Беким Мурати за „ Изградба на фекални канализациони системи за населените места Грчац, Шишево и Сарај“. Договор е потпишан и со градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески за „Изработка на техничка документација и доизградба на колекторски систем за локацијата Бегова Чешма во НП Пелистер“.