Престанува важењето на препораките и мерките за заштита од загадувањето на амбиентниот воздух во Скопје

Министерството за животна средина и просторно планирање, кое се повикува на податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух, соопштува дека среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 200 мg/m3, во текот два последователни дена на мерните места Лисиче и Ректорат во Скопје.

Согласно оваа состојба, препораките и мерките за заштита од загадувањето на амбиентниот воздух престануваат да важат веднаш.