Преку изработка на студија до соодветно управување со отпадните води во Град Скопје

ANE_4227На 15.12.2014 год., Заменик Министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски учествуваше на Првата техничка работилница во рамките на проектот за изработка на Студијата за финансирање, изградба и работа на пречистителната станица за отпадни води во Град Скопје – Република Македонија, која се одржа во Град Скопје.

Основната цел на работилницата беше да се презентираат резултатите и заклучоците од ажурирањето на постојната Студија за изводливост за управување со отпадни води во Град Скопје – Проценка на можните решенија за третман на отпадните води и кондиционирање/одлагање/повторна употреба/елиминација на генерираната мил од станицата, кои понатака се користени како основа за идентификација и проценка на најсоодветните решенија за третман на генерираната отпадна вода и мил во Град Скопје.

Во своето обраќање, Заменик Министерот за животна средина потенцирајќи го големото национално и прекугранично значење за заштита на животната средина, имајќи го во предвид обемот на инвестицијата, повика на активно учество на сите засегнати страни во насока на постигнување на одржлив и економски оправдан избор на решение за идната пречистителна станица за отпадни води во Град Скопје.