Прекин со напојување со електрична енергија на мониторинг станицата во Гостивар

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека високите вредности на PM10 суспендираните честички во времетраење од еден час, кои пред кратко време се појавија на Автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух во Гостивар, (во периодот од 12:20 до 12:30 часот на ден 24.11.2020 година) се резултат на стабилизација на мерниот инструмент по настанат прекин со напојување со електрична енергија. При тоа, настанат е прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на PM10 честичките. По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартирани, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните PM10 честички се случија поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни.