Почнува изградбата на секундарна водоводна мрежа за селото Никиштани

nikistani1(10.10.201г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети и градоначалникот на о.Ѓорче Петров Сокол Митровски денеска го поставија камен-темелникот за изградба на секундарната водоводна мрежа за селото Никиштани.

За реализација на проектот „Изградба на дистрибутивна примарна и секундарна мрежа во должина од 3.304 m и разделна шахта помеѓу двата резервоара во с. Никиштани“, Министерството за животна средина и просторно планирање  согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2016 г. одвои средства во висина од 3.000.000,00 денари.

Со тоа жителите на Никиштани ќе добијат стабилна водводна мрежа со која до секој дом ќе биде доставена чиста и питка вода за пиење.

Дополнителните средства за реализација на проектот ги обезбедува о.Ѓорче Петров, a Друштвото за градежништво, транспорт и трговија ТРАНС МЕТ ДОО Скопје е изведувачна градежните работи.