Потпишан договор за реконструкција и проширување на канализациона мрежа во о. Куманово

(10.12.2015г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски и директорот на ЈП “Водовод”-Куманово, Горан Стојковски,денеска, го потпишаа договорот за спроведување на ИПА проектот „Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во општина Куманово”.

Во рамки на реализација на инфраструктурниот проект, кој ќе започне во јануари 2016 година и ќе трае 18 месеци со 12 месеци гарантен период, ќе се изврши рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Куманово во должина од 26 километри, а вкупната вредност на проектот изнесува 5 милиона евра.

Проектот ќе го спроведува Министерството, во соработка со општина Куманово. Финансиите се обезбедени преку Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА), а проектот е кофинансиран од Буџетот на Р. Македонија.