Потпишан договор за изградба на канализациона мрежа за с. Слупчане

(13.04.2016г) Денеска министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети и градоначалникот Садула Дураку го потпишаа договорот за кофинансирање на проектот: „Изградба на дел канализациона мрежа во н.м. Слупчане, општина Липково“. Со доизградба на делови од канализационата мрежата, според зборовите на министерот Амети ќе се обезбеди основната инфраструктура неопходна не само за поквалитетен живот на жителите на оваа општина туку и за подобра заштита на животната средина.

Проектот е во вредност од 6 милиони денари од кои Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди 3 милиони денари. Истиот треба да биде завршен во рок од 12 месеци.