Потпишани договори за поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми и проекти за заштита и унапредување на животната средина и природата

1(01.06.2015г.) Денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање министерот Нурхан Изаири потпиша договори за реализација на Програмата за инвестирање во животната средина за 2015 година во делот за поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми, проекти и други слични активности за заштита и унапредување на животната средина и природата.

Со Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ, Скопје, потпишани се вкупно три договотри и тоа за истражувачки проекти: „ Влијанието на климатските промени врз природното и културното наследство во Охрид и Охридско“, потоа за „Изработка на студија за мерење и хемиска анализа на суспендирани честички ПМ10 во три града во Р.Македонија- Тетово, Кичево и Скопје“ и за „Развивање на интегрален модел на економска и еколошка евалуација на проектите за вештачки акумулации“. Со Државниот Универзитет во Тетово потпишан е договор за истражувачки проект за „Изведба на бунар со пумпа станица за водоснабдување на унивезитетскиот кампус“ и со ЈИЕ Универзитет во Тетово, за „Истражување, дизајнирање и реализирање на пилот проект за мерење на климатски параметри преку мрежата на мобилни електронски самоодржливи мерни станици со визуализација на мерените вредности“. Со основното училиште ЦОУ “Реџо Рушити Зајази”, од с.Зајас, Кичево потпишан е договор за проектот: „Чиста и здрава средина“, а со ОУ Страшо Пинџур – Кавадарци, за „Изведба на термо изолациска фасада и кров на училиштето за постигнување на стандардите за енергетска ефикасност“.

Овој дел од инвестиционата програма на МЖСПП располага со 4 милиони денари, кои се доделени на вкупно 10 аплицирани проекти.